Александар Василевски Нинџа и Абдулфета Алими се единствени од обвинетите кои беа осудени под 10 години затвор

Објавил: Узунов Бобан | 15 март, 2019 15:44

Зошто само Нинџа и Абдулфета се осудени на 8 години затвор ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Александар Василевски-Нинџа и Абдуљфета Алими се единствените двајца обвинети за 27 април кои добија затворски под 10 години затвор, а истите Кацарска ги спомена и пред соопштувањето на казните. 

На последните рочишта од судењата, Нинџа неочекувано сведочеше против одредени лица од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и прстот за тоа кој ги организирал протестите за “Заедничка Македонија”  го впери кон одредени лица како поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска, Митко Чавков и други.  

За заедничка Македонија“,  беше формирана од ВМРО-ДПМНЕ и имаше фиктивни водачи. На протестите на „За заедничка Македонија“ 80 отсто беа од ВМРО-ДПМНЕ кои ги даваше сите реквизити што се користеа. Сите водачи на протестите ги имам гледано во штабот на ВМРО-ДПМНЕ кај Кирил Божиновски, рече обвинетиот Александар Василевски  – Нинџа 

За Нинџа, судијката Добрила Кацарска посочи дека е неспорно оти бил во контакт со дел од обвинетите и знаел дека ќе се влегува во Собрание со фантомки што може да се види и од снимките кај ресторанот „Дион““ каде тој гледа во кесата со фантомки. 

Сите дејствија, потенцираше таа, детално се наведени во писмената пресуда.

Но, факт е дека тој на 27 април, не влезе во Собранието и нема преземено никаков физички напад.

За Алими, пак, кој е дел од собраниското обезбедување, судијката посочи дека очигледно од снимките е дека тој е присутен кај главните врати во Собранието и се однесува пасивно односно не презема ништо.

Од друга страна, пак, Кацарска го посочи и тоа што Алими придонел пратеникот Зијадин Села да остане жив.

Полицаецот Абдулфета Алими го спасил животот на Зијадин Села Но, исто така беше објавено дека тој бил човекот кој го обезбедил клучот за да се отворат вратите од главниот влез на Собранието.

Спасителот  на Села, Абдулфетах Алими давајќи исказ на рочиштето за случајот во кој се обвинети 10 лица за обид за убиство на Зијадин Села во настаните од 27 април изјави дека толпата барала албанска крв.


„Во салата во која се одржуваше прес-конференцијата видов бесни демонстранти кои со тврди предмети гаѓаа кон пратениците. Слушнав како велеа дека бараат албанска крв меѓу кои и на Зијадин Села, Талат Џафери и Зоран Заев. Ние се обидовме да ги заштитиме, но ситуацијата излезе од контрола“, изјави Алими, кој во моментов се наоѓа во притвор. 

Исто така беше споменато дека клучот од главните врати бил кај обвинетиот Абдулфета Алими, кој подоцна му го предал  на обвинетиот Горан Ѓошевски – Леви, шеф на личното обезбедување на Трајко Вељаноски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести