Регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 22,2% во однос на минатата недела.

Објавил: Перо Милчин | 17 март, 2021 10:16

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 08 ДО 14 МАРТ, 2021-ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД 22,2% НОВИ СЛУЧАИ, СПОРЕДЕНО СО ПРЕТХОДНАТА НЕДЕЛА, НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД РЕГИСТРИРАНИТЕ ОД СКОПЈЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 08 до 14 март, 2021 биле тестирани вкупно 22.625 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 7,3%, во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 22,2% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.708; 49,6%), со неделна инциденца – 438,4/100.000. Највисока неделна инциденца од 809,6/100.000 е регистрирана во Демир Капија.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 19,4 до 27,4% или во просек 23,9%, идентично како минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1.434, 26,3%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 (n=1.064; 19,5%), 40-49 (n=977; 17,9%), 50-59 (n=916; 16,8%) и 20-29 (n=698; 12,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (n=116; 2,1%) и 10-19 години (n=251; 4,6%).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.737 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 29,7% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 129 смртни случаи од 21 град, 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 110 лицa биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50 до 59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија почна вакцинацијата против КОВИД-19, а заклучно со 15.03.2021 вкупно се вакцинирани 5.061 здравствени работници.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со КОВИД-19 за периодот од 08 до 14 март, 2021 година, како и кумулативната состојба ковид во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...