Шефот на НАТО бара директно од Македонскиот народ да излезе на Референдум и да гласа против себе си?

Објавил: admin@magazin | 11 јули, 2018 13:09

Извисена поканата од НАТО: Промена на името, па членство во Алијансата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

После имплементацијата на договорот со Грција и под новото име Македонија ќе стане членка на НАТО Алијансата.

Имајки го во предвид историскиот договор меѓу Атина и Скопје, со кој е надминат спорот околу името, но и последната пречка за Скопје кон полноправно членство во Алијансата, од денес ја покануваме Владата во Скопје на преговори за членство, чија комплетна имплементација ќе биде по завршувањето на домашните процедури, поврзани со историскиот договор со Грција. Прифаќање на ваквиот договор, е единствениот прифатлив резултат за комплетирање на придружувањето во Алијансата.“ стои во документот на Алијансата.

Значи на претстојнот референдум, на кој граѓаните ќе одлучуваат дали е договорот со Грција прифатлив или не, НАТО директно и отворено бара одговорот да биде ДА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести