Непотврдена информација стигна до редакцијата на Магазин, а во скандалот вмешан сопругот на Шекеринска - Божидар Јанковски или на јавноста попознат како Бобо Дајнерс.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 10 март, 2020 12:41

Додека Шекеринска се бори за победа во ИЕ5, нејзиниот сопруг останува без работа поради несовесното работење

Фото/Текст извор: ©магазин

Извори за магазин откриваат дека последните неколку денови се слушаат „чаршиски муабети“ дека сопругот на Радмина Шекеринска набрзо ќе остане без работа. Божидар Јанковски кој на јавноста и е познат по прекарот – Бобо Дајнерс, а уште попознат како сопруг на Радмила Шекеринска, е на прагот да ја изгуби својата директорска функција во компанијата „Дајнерс“ во која моментално работи. 

Овој медиумски натпис сведочи за постоење на скандал од 2016 година во која директорот на „Дајнерс“ – Бобо бил вмешан. Иако медиумскиот натпис не е потврден, ниту демантиран, тој секако фрла сомнеж врз исправноста во работењето на директорот.

Со цел да ги провериме овие шпекулации и непотврдени информации кои стигнаа до нас, истражувавме за успешноста на Бобо Дајнерс во вршењето на неговата директорска позиција, бидејќи наводно во компанијата каде што работи не биле задоволни од неговата работа. Кога го пребаравме името на Бобо Дајнерс во медиумите, сретнавме само едно интервју кое беше афирмативно за неговата работа и позиција, а сите други медиумски натписи откриваа огромни скандали во кои е вмешан сопругот на Шекеринска. Против него во 2016 година била поднесена кривилна пријава за злоупотреба на службена должност и затајување на данок. Тогаш, директорот на „Дајнерс“ – Божидар Јанковски, становите кои биле негова приватна сопственост, ги изнајмувал на фирмата за која работи иако истите станови не биле користени за службени цели, стои во медиумите.

Со цел да го разјасниме начинот на кој Бобо Дајнерс жаргонски кажано правел далавери и ги злоупотребувал службените пари за лична заработувачка, ќе направиме аналогија. Имено, Бобо Дајнерс плаќал со пари на фирмата за која работи закуп за изнајмување на становите чиј сопственик бил тој, а становите не ги користел за службени потреби, туку за лични и приватни. Медиумските шпекулации тогаш не беа потврдени од страна на надлежните органи, но и ден денеска можете да проверите натписи во медиуми кои сведочат за скандалот во кој бил вмешан Бобо Дајнерс.

Вториот скандал во кој се споменува неговото име во медиумите е тој, дека претставници на „Дајнерс“ биле уапсени во Белград поради направени прекршоци. Божидар Јанковски е поврзан со прекршокот заради кој биле уапсени претставниците на „Дајнерс“ во Белград. Тој новински натпис е демантиран, но ниту медиумите не дале докази за своите тврдења, а ниту деманторите за својот демант. Што значи дека останува на читателите и публиката да одлучи кому повеќе ќе му верува.

Овој медиумски натпис ја потврдува вмешаноста на сопругот на Шекеринска во уште еден скандал. Случајот не е потврден, ниту демантиран. Не се изнесени ниту докази дека е вмешан во скандалот, но и докази од спротивната страна дека не е вмешан. Тоа значи дека публиката има право да донесе одлука на која страна да и верува.

За честото престојување на Бобо Дајнерс во Белград многу се зборува низ Македонија, дали причината е деловна или сепак приватна, не можеме да знаеме, а и не е толку важно за јавниот интерес. 

Сите овие медиумски скандали кои се врзуваат со иметото на Божидар Јанковски сведочат за тоа дека репутацијата и угледот на фирмата за која работи е ставен на ризик. Директорот е секогаш огледало на фирмата и ниту една фирма не би сакала со нејзините највисоки претставници да се врзуваат шпекулации, вистини или полувистини за наводни скандали. 

 

Дали медиумскиот притисок и шпекулации се причина за незадоволството од директорувањето на Бобо Дајнерс, доколку тоа постои и дали тоа незадоволство е причина за тоа тој да остане без работа? – Останува да видиме времето да покаже. 

Автор: Стојмановиќ Магдалена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...