Правото на глас на локалните избори до 13 часот го искористиле околу 315 илјади гласачи или близу 25 проценти.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 октомври, 2021 15:33

Излезноста до 13 часот 24,87 %, во првиот круг била 20,55%

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Правото на глас на локалните избори до 13 часот го искористиле околу 315 илјади гласачи или близу 25 проценти. 

Според податоците од Државната изборна комисија, излезноста до 13 часот споредено со првиот круг е далеку по голема, односно за дури 4 проценти, пренесе Канал 5!

Во дел од скопските општини каде во вториот круг покрај за општината се гласа и за градоначалник на Град Скопје, најголема излезност има во Карпош или 29,54% проценти најмала пак во Шуто Оризари или 15,72 %!

Споредено со првиот круг, во сите општини каде се гласа за градоначалник на општината и на градот Скопје излезноста споредено со првиот круг е зголемена. Во Карпош излезноста од првиот круг е зголемена за повеќе од 9 проценти, слично е и во Центар каде излезноста е повисока за 8 проценти, во Чаир пак за 4 проценти, а во Шуто Оризари за помалку од 3 проценти.

Дел од аналитичарите велат дека очекуваат ваквиот тренд на зголемена излезност да продолжи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.