Овој пресек покажува дека Ранковце е општина со највисока излезност, 15,23 отсто, Конче 13,14 %, Пехчево 13.73%, Зелениково 11.74%, Кратово 10.86%, Пробиштип 11.05%, Демир Хисар 10.91%, Вевчани 12.58%, Ресен 9.18%, а најниска Сарај со 1,64% излезност!

Објавил: Перо Милчин | 31 октомври, 2021 10:13

Излезноста на изборите до 9 часот е 5,25 отсто, во првиот круг беше 3,64

Фото/Текст извор: ©магазин

Според последните податоци објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, до 09:00 часот вкупно гласале 64.196 гласачи. Излезноста е 5.11% од 91,89% обработени податоци.

Овој пресек покажува дека Ранковце е општина со највисока излезност, 15,23 отсто, Конче 13,14 %, Пехчево 13.73%, Зелениково 11.74%, Кратово 10.86%, Пробиштип 11.05%, Демир Хисар 10.91%, Вевчани 12.58%, Ресен 9.18%, а најниска Сарај со 1,64% излезност!

До 9 часот во Битола гласале 7,16% од избирачите односно 5.780 гласачи од вкупно 80.759 лица кои имаат право на глас.

Од вкупно 93,986 избирачи, до 9 часот, во Куманово своето право на глас го искористиле 4,25 проценти од гласачите.

Во Куманово до 9 часот утрово гласале вкупно 3.740 гласачи.

Излезноста до 9 часот во главниот град е 5,10 отсто, што е речиси 2 проценти повисока од првиот круг кој се одржа пред точно две недели. Тогаш до 9 часот наутро на гласање излегоа 3,34 проценти од гласачите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.