Нa планините врнежите ќе бидат од снег и таму снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми.

Објавил: Перо Милчин | 4 јануари, 2021 19:42

ИЗРАЗЕН ВЛАЖЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: ДОСЕГА НАВРНАА 37 Л/М2 ВОДЕН ТАЛОГ – ЧЕСТИ ВРНЕЖИ ЌЕ ИМАМЕ И ПОНАТАМУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што веќе и најавивме во текот на изминатата ноќ нашата територија е под влијание на изразен влажен воздушен бран од Медитеранот и истиот насекаде условува врнежи од дожд, додека на планините врнежите се од снег и таму снежната покривка се зголемува.

Краткотрајно стабилизирање на времето ќе имаме утре, додека нови повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ се очекуваат од среда па натаму.

Нa планините врнежите ќе бидат од снег и таму снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми.

Досега најмногу дожд има наврнато во Струмица, и тоа 37 литри дожд на м/2, потоа Штип 33 литри, 31 литар во Берово, 20 литри во Крива Паланка и во Прилеп, 19 литри во Претор, 17 литри во Битола и 10 литри во Пожаране.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...