На молитвата беше и премиерката Џасинда Ардерн, во придружба од 20.000 луѓе

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 март, 2019 12:08

Илјадници граѓани оддадоа почит на жртвите во Крајстчерч-премиерката со црна марама се помоли за жртвите

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Муслимански позив на молитва се слушна денес, во Нов Зеланд, во двете џамии  каде беа убиени повеќе од 50 лица. На молитвата беа илјадници луѓе кои им оддадоа почит на трагично загинатите во крвавиот масакр, пред точно една недела.

20.000 луѓе во тишина им оддадоа почит на загинатите

На молитвата беше и премиерката Џасинда Ардерн, во придружба на 20.000 луѓе, и заедно во тишина им оддадоа почит на загинатите, пред џамијата Ал Нор, каде беа убиени повеќето од жртвите.

Ардерн која го осуди нападот како терористички, најави забрана за купување и поседување на полуавтоматски пушки.

Таа во паркот Хагли, дојде во придружба на министрите и претставниците на безбедносните служби со црна марама на глава. Полицајките во паркот кои дојдоа на молитвата исто така на себе имале црни марами и црвена ружа на униформата.

“Нов Зелан тагува за вас. Сите сме едно”, порача премиерката во својот краток говор пред две минутнто молчење.

Премиерката Џасинда Ардерн, одржа говор пред молитвата

Повеќето од жртвите во масовниот масакр во Нов Зеланд, биле мигранти и бегалци од земји како Пакистан, Индија, Малезија, Турција, Сомалија, Авганистан и Бангладеш.

“Нашите срца, се скршени, но ние не сме. Живи сме и заедно сме, одлучивме никој да не може да не подели”, изјави имамот Гамал Фуд.

 

“На семејствата на жртвите сакам да им порачам дека вашите најмили, не загинаа залудно. Нивната крв се зали во семе на надеж, порача имамот Фуд во молитвата која се пренесувала на националната телевизија.

Десет илјади луѓе оддадоа  почит за жртвите кои починаа пред 7 дена, а некои луѓе дури формирале и човечки ланци пред џамиите. Оние кои не беа пред џамијата, тивко се молеле во училиштата, кафулињата па дури и на работните места.

извор.Хр.н1инфо

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести