Европската Унија не му пристапи на проблемот од аспект на рационалност и праведност, туку се држеше на страната на својата членка Грција, која ја блокираше Македонија

Објавил: admin@magazin | 29 март, 2019 7:47

Еклузивно со Маријана Претир: Македонците се силен, самоуверен и горд народ и никој неможе да ги уништи!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Преспанскиот договор е наметнат со странски пристисок, а предвидува комплетно редефинирање на внатрешниот поредок, политичкиот состав и националниот идентитет, а се тоа низ промена на називите на институциите, во учебниците, парите, регистарските ознаки, лични документи, дипломи…Од друга страна пак, Преспанскиот договор не ги реши суштинските проблеми – функционирање на правосудството и владеење на правото, борбата против корупција, почитување на човековите права, слобода на медиумите, па дури ни проблемот со загадениот воздух. Реформите мора да бидат приоритет, но со Преспанскиот договор истите се тргнати на страна, вели пратеничката во Европскиот парламент и претседателка на неформалната група „Пријатели на Македонија” во рамките на Европарламентот.

Преспанскиот договор не го почитува правото на самоопределување на народот по кое народите имаат право слободно да го изберат својот суверенитет и меѓународниот политички статус без надворени мешања. За жал, Македонската влада им подлегна на притисоците и го жртвуваше националниот идентитет. Според мене тоа е непрефитливо и сметам дека името на државата не треба да се менува. Исто така, длабоко сум уверена дека идентитетот го чинат граѓаните, а Македонците се силен, самоуверен и горд народ кој ги чува своите иднентитет, култура и татковина, и се надевам дека токму тој македонски дух никој не може да го уништи, па дури и лошите политички одлуки“, смета Петир.


Маријана Петир е родена на 4 септември 1975 година во Кутина. Таа е хрватска конзервативна политичарка која како член на ХСС од 2002 до 2003 и од 2008 до 2011 година ја вршела должноста на пратеник во Хрватскиот сабор. Од 2014 ја претставувала Хрватска во Европскиот парламент. Во Европскиот парламент ја формирала неформалната група „Пријатели на Македонија“, со цел е да ѝ се помогне на земјата конечно да ги започне пристапните преговори за полноправно членство во Европската унија.

Н: Дали Преспанскиот договор беше неопходен за развој на земјата на економски и политички план?

МП: Според информациите со кои располагам, Македонија имаше добар економски раст во времето пред политичката криза која доведе до вонредни парламентарни избори, смена на власта и потпишување на Преспанскиот договор. Така што, одговорот на тоа прашање лежи во самите економски показатели од тоа време. Македонија во 2015 година достигна најголем напредок во поглед на усогласувањето со законодавството на ЕУ, а знаеме дека Македонија уште пред 10 години беше поподготвена за отпочнување на преговори со ЕУ во споредба со други земји кои веќе се нејзини членови.

На прашањето зошто Европската унија толку срдечно го прифати Преспанскиот договор, Петир рече дека за жал, ЕУ не му пристапила на проблемот од аспект на праведност.

„Лично се залагав да се започнат преговорите со Македонија и во текот на истите да се решат сите билатерални прашања во кои се вбројува и спорот за името. За жал, Европската Унија не му пристапи на проблемот од аспект на рационалност и праведност, туку се држеше на страната на својата членка Грција, која ја блокираше Македонија и која наспроти сите направени отстапки од вашата земја, и денес не е задоволна со постигнатото решение“, вели Петир во интервјуто за Магазин.мк.

Н: Вашето мислење за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски?

МП: Мислам дека бегството никогаш не е решение и дека г-динот Груевски мора да се бори со сите правни алатки кои ги има на располагање. Од друга страна пак, фактот дека ја успеал да ја напушти земјата, ја покажува слабоста на државниот апарат во Македонија, кој очигледно не функционира како што треба.

Н: Што би му порачале на идниот Претседател на Македонија, и кој сметате дека е во предност, Гордана Силјановска Давкова или Стево Пендаровски?

МП: Тешко ми е да преудицирам изборни резултати, ниту пак сакам да го правам тоа. Но она што секако го сакам е изборите да бидат чесни, слободни и транспарентни. Од идниот Претседател/ка на Македонија, очекувам да ги штити интересите на својот народ и да ги стави на прво место, тоа е она нешто што понекогаш недостасува во политичките делувања, а тоа е и воедно она што му треба на македонскиот народ во овие пресудни моменти во нивната историја – ДА СЕ СЛУША ГЛАСОТ НА НАРОДОТ, А ПОЛИТИКАТА ДА СЕ ВОДИ ТОКМУ ОД ТОЈ ГЛАС.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика