Вирусот за прв пат се појавил во градот Вухан, каде биле заразени 200 лица, а потоа се прошири и во Шангај и Пекинг.

Објавил: Данаил Михајловски | 21 јануари, 2020 10:59

Итен состанок на СЗО за смртоносниот вирус!

Фото/Текст извор: ©магазин

Во Женева е свикан итен состанок на Светската здравствена организација, која треба утре да одржи вонреден состанок на стручниот одбор и да ја разгледа ситуацијата поврзана со смртоносниот корона-вирус кој се штири во Кина. Се очекува оваа светска здравствена организација да донесе конечна одлука дали епидемијата на овој убиствен вирус од Кина претсавува знак за аларм и за вонредна ситуцаија не меѓународно ниво. Досега Кина потврди околу 300 случаи на лица заразени со вирусот корона, од кои 4 се починати. 

Вирусот за прв пат се појавил во градот Вухан, каде биле заразени 200 лица, а потоа се прошири и во други градови, вклучително и во Шангај и Пекинг. Вирусот се има проширено и надвор од Кина, а досега помал број на регистрирани случаи се потврдени во Јапонија, Јужна Кореа и Тајланд. Кинеската национална комисија за здравство, за прв пат од декември 2019 година кога се појавил вирусот, вчера излезе со своја проценка дека новиот вид на коронавирус може да се стави под контрола. Ризичен фактор за ширењето на вирусот е кинеската Нова Година, која се слави на 25-ти јануари, сега како година на стаорецот. Во овој период, кој трае до средината на февруари, има многу прослави, а и многу патувања на кинезите кои од големите градови со возови, автобуси и авиони се враќаат кон своите родни места за да ги пречекаат овие празници со најблиските. 

Коронавирусот, според кинеските медицински установи, предизвикува тешко воспаление на белите дробови и го напаѓа респираторниот систем, се пренесува од едно на друго лице, и во последните денови е потврдено дека со овој вирус се заразиле и неколку медицински лица кои работеле во болниците со веќе заразени пациенти. Во повеќе азиски земји, како Јапонија, Виетнам, Тајланд, Филипини и Тајван, воведени се специјални прегледи на аеродромите на патниците кои патуваат од Кина кон нивните земји. Ваква контрола е воведена и на три аеродроми во САД.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.