Неофицијално поради грешка во системот за пациентка за 200 денари, ФЗОМ ги блокирал здравствените осигурувања на сите вработени од медицинскиот факултет и институтите

Објавил: Мартин Попоски | 16 декември, 2018 14:51

И докторите си плаќаат за прегледи, Филипче не им плаќа здравствено?

Фото/Текст извор: ©zdravstvo.mk

Неофицијално дознаваме дека докторите на медицинскиот факултет во Скопје веќе две недели немаат покриено здравствено осигурување.

Доктори кои мораат да земат лекови или да извршат одреден медицински преглед мора да си го платат и прегледот и лековите, бидејќи не им е покриено од Министерството за здравство, здравственото осигурување во Фондот за здравствено осигурување.

Некој манипулира и си работи со парите на докторите и тоа веќе трае цел месец.

Бројката за која се збори дека е оштетена и инволвирана во оваа „состојба“ на министерот и деканатот на медицинскиот факултет е околу 1000 доктори. Сите вработени во медицинскиот факултет, цел месец „кубурат“ со здравственото осигурување. – ни посочија дел од докторите со кои разговаравме.

Објаснувањето кое го добиваат вработените доктори е дека ФЗОМ нашол грешка во партиципацијата за некоја пациентка од 200 денари и поради тоа се блокирани сите вработени од медицинскиот факултет, вклучувајќи ги и сите од институтите. Наводно било грешка во фондот. – е објаснувањето на докторите кое им се дава при земање на лекови или ако имаат потреба од одреден преглед.

Дали министерот не знае за ова? Дали ФЗОМ не знае за ова?

Каде се Филипче и Дончев да излезат и да им објаснат на докторите зошто не им е покриено здравственото осигурување, не се ли тие во работен однос? Каде е државата да реагира? 

А од друга страна министерот промовира дека е во заштита на колегите, дека се залага за докторите и прави се што може да пациентите! Самите извлечете заклучок дали е тоа така?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...