Изјавата на премиерот Заев дека во Грција македонското малцинство ќе го изучува Македонскиот јазик, наиде на осуди по барање на грчката делегација во НАТО која оствари средба и со Генералниот секретар.
Официјално, Столтенберг нема коментар, но повтори дека најбитно е државата да си го промени името.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не ги коментираше изјавите на премиерот Зоран Заев за македонскиот јазик и Македонците во Грција.
Столтенберг не сакаше да влегува во детали за изјавата на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, дека разговарале за овие изјави на Заев, ниту дали тие се проблем за Преспанскиот договор и влезот во НАТО.
Имавме добра средба со грчкиот алтернативен министер а ќе имаме уште една каде ќе разговараме за Западниот Балкан вклучително и Договорот за името. – рече Столтенберг.
Тој ги повтори истите пораки на НАТО дека Македонија ќе биде примена како 30-та членка на Алијансата штом се комплетира Договорот од Преспа.
Се надевам дека ќе биде целосно имплементиран, штом тоа се случи ние сме подготвени да го потпишеме пристапниот протокол и да ја примиме ПЈРМ како триесетта членка. – рече Столтенберг.
Тој рече дека ќе се “воздржи“ од детали и посочи дека сите НАТО – членки се сложни да ја примат Македонија под новото име, Северна Македонија, штом се имплементира Договорот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.