Партискиот потпретседател Николоски, по одлуките на ЦК им ја честиташе, како што ја нарече "криминалната коалиција" Зоран и Вице Заеви со Сашо Мијалков

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 5:58

И Тодоров исклучен од ВМРО – ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ ги исклучи Сашо Мијалков и Никола Тодоров од партијата.

Потпретседателот на партијата Александар Николоски рече дека тие се исклучени заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО – ДПМНЕ и на Македонија, заради соработка со Зоран Заев како и организирање група за притисоци врз пратеници на ВМРО – ДПМНЕ да гласаат за уставните измени.

Како што рече Николовски, поради истите причини од партијата се разрешени потпретседателот Митко Јанчев и членот на извршниот комитет на партијата Костадинин Богданов.

Заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО – ДПМНЕ и силна соработка со Заев и организирање на група за притисоци и поткуп на пратениците, ЦК го разреши Митко Јанчев на тајно гласање и тоа едногласно. – изјави Николоски.

Разрешен е и Константин Богданов, а ги задолживме општинските комитети да поведат дисциплинска постапка и да ги исклучат од членство Сашо Мијалков и Никола Тодоров заради истите причини.

ЦК на партијата побара и осумте пратеници кои беа на листата на коалицијата,  а како што рече Николоски, го изневерија народот, веднаш да поднесат оставка бидејќи работат спротивно на волјата на граѓаните.

На иницијатива на Мицкоски ЦК разгледа и предлог за одржување вонреден конгрес за гласање доверба на претседателот на партијата, но ЦК без присуство на Мицкоски одлучи да го одбие овој предлог и смета дека нема потреба од вонреден конгрес и претседателот ја има поддршката за да ја води партијата,.

Николовски  ја нарече вечерашната седница на ВМРО – ДПМНЕ историска. Додаде дека има силен механизам во рамки на партијата кој секогаш успева да ја прочисти партијата.

Имавме длабока анализа на внатрешно прочистување и разјаснување и од денес нема ништо да биде исто. – рече Николовски. ВМРО – ДПМНЕ расчистува со хипотеките од минатото и продолжува напред реформирано. – додаде потпретседателот на партијата Александар Николоски .

Сакаме да ја честитаме новата криминална коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков, рече Александар Николовски по завршување на седницата на Централниот комитет на на ВМРО – ДПМНЕ.

Немаат сознанија дека Никола Груевски делувал во оваа група и затоа тој не е предмет на разрешување или исклучување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести