Доналд Туск, претседател на Европска Комисија, на Македонси јазик со полски акцент не убедува да станеме Северна Македонија и Северномакедонци, оти тоа била животна можност

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 9:13

И Туск проговори Македонски, да не убеди да сме Северномакедонци?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И претседателот на Европската Комисија, тело кое раководи со Европската Унија, Доналд Туск со видео обраќање на Македонски јазик во поддршка за референдумот.

Пред 30 години ни се укажа можност и покрај верувањата на малкумина дека е невозможно нешто да се смени, ние ги мобилизиравме нашите пријатели и гласавме за таа промена.

Денес Полска ги користи неограничените можности што ги нуди ЕУ, објави денес на својот Твитер профил претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кој преку видео порака на македонски јазик ги повика граѓаните на Македонија да гласаат на референдумот и да не ја пропуштат шансата која ни се нуди.

Во обраќањето претседателот на Европската Комисија вели:

“Во животов многу ректо добиваме можност да ја смениме својата судбина, а уште поретко можеме да ја смениме судбината на цела нација.

Тоа е моето лично искуство.

Немаше да ви зборувам за ова денес ако не верував дека и вие можете да успеете. Мојата животна поука е едноставна  „никогаш не ја пропуштајте добрата шанса кога ќе ве повикаат да гласате”

Туск можеше да биде искрен како и што самиот се претстави, па да појасни за која Македонија и за кој Македонци говори?

Со евентуална имплементација на Договорот од Преспа и измени во Уставот, ние ќе бидеме нова држава, Република Северна Македонија, во која ќе живее “најмладата нација во светот” Северномакедонците, кои во Европската Унија ќе бидат членка како држава за најмалку 50 години.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести