На 21 април продолжуваме кон победата, рече Села

Објавил: admin@magazin | 10 април, 2019 7:26

Касами: Ги повикувам Македонците и сите етнички заедници да гласаат за Река

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателскиот кандидат, проф. Блерим Река, ја продолжи својата кампања во Боговиње, каде што беа присутни стотици граѓани. За време на митингот, претседателскиот кандидат, проф. Река беше придружен и од страна на лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села и лидерот на движењето Беса, Билал Касами.

Кандидатот за претседател Блерим Река, кој доби поддршка од Беса и Алијансата за Албанците, вечерва во Боговиње ја нагласи слободата на гласачот, а не, како што рече, диктатот на другите партии.

Тука сме за да покажеме дека професорот Река е најдобар избор за сите Албанци. Река со поддршката на сите Албанци ќе го помине вториот круг и ќе биде победник на овие избори. Покана кон сите Албанци, Македонци, Роми да гласат за Блерим Река затоа што тој е најдобар избор и најдобар кандидат за Македонија, истакна Касами.

Според Села, поддршката за Блерим Река е, како што рече, правниот пат кој треба сите да го следиме.- На 21 април продолжуваме кон победата. Сите да го поддржиме Блерим Река, рече Села.

Вашата присутност во овој голем број, потврдува дека сте против диктатот. Дел сме од едно време каде владејачките албански партии се против единствениот албански кандидат. Владеење на поединецот ја приватизира државата. Цели 11 години имавме заробена и приватна држава, рече Река на средбата со жителите во Боговиње, каде што беше придружуван од лидерите на Алијансата за Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.