Парламентот на Каталонија, ја отфрли одлуката на Врховниот суд на Шпанија, со што поранешниот претседател Пуџдемонт и пет негови соработници, остануваат пратеници

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 10:20

Каталонскиот Парламент одби да му го одземе правото на глас на Пуџдемон

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Регионалниот Парламент на Каталонија гласаше против одлуката на шпанскиот Врховен суд за привремено отстранување на поранешниот претседател на каталонската Влада, Карлес Пуџдемон и петмина негови поддржувачи од функцијата пратеник.

Парламентот, исто така, им дозволи на пратениците кои побегнаа од Шпанија за да избегнат апсење да делегираат други пратеници да гласаат место нив, со што партиите кои се за независност на Каталонија ќе останат во мнозинство во регионалниот Парламент.

Одлуката доаѓа еден ден откако полицијата со употреба на сила растера демонстранти во Барселона, кои ја одбележуваа годишнината од референдумот за независност на Каталонија.

Каталонските сепаратисти влегоа во владината зграда и го отстранија шпанското знаме

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.