По сознание на адвокатката Фрчковска

Објавил: Узунов Бобан | 17 септември, 2019 9:04

Катица не била добро особено психички

Фото/Текст извор: ©магазин

Влошена е здравствената состојба на поранешната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска во интервјуто за ТВ21.

Претходната недела во затворот во „Шутка“ каде се наоѓа Јанева речиси еден месец како третоосомничена во „Рекет“, била доставена и лекарската документација со цел здравствениот персонал да определи соодветна терапија.

Фрчковска за ТВ21 вели дека здравствената состојба на Јанева не е добра, особено психички и дека е под постојана терапија со лекови.

Како што најави адвокатката Ирена Фрчкоска во интервјуто за ТВ21 можна е тужба за Советот на јавни обвинители поради разрешувањето на Катица Јанева како шефица на СЈО. Двете одлуки, како што вели адвокатката се уште не ги добиле.

Фрчкоска додаде дека не ѝ е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева, како и денешната одлука таа да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија.

Во интервјуто, адвокатката напомена и дека Јанева има право да поднесе тужба за одлуката за нејзиното разрешување, а дали тоа ќе го направи ќе одлучат откако ќе ја примат одлуката за разрешување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести