Притворот го побара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 август, 2019 21:19

КАТИЦА ЈАНЕВА ЗАД РЕШЕТКИ – ОДРЕДЕН 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОБВИНИТЕЛКАТА!

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Катица Јанева од вечерва се наоѓа во истражниот затвор “Скопје” во Шуто Оризари.

Шефицата на СЈО, Катица Јанева вечерва ќе биде спроведена во истражниот затвор “Скопје” во Шуто Оризари. Судијата се согласил Катица да присуствува на погребот на нејзината мајка и таа со полициска придружба утре да отпатува во Гевгелија.

Судија на претходна постапка ѝ определи 30 дневен притвор во истрагата за случајот “Рекет” како трето осомничена. Таа има право на жалба преку нејзините адвокати до кривичниот совет.

Притворот го побара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

По наредба на првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, обвинителката Вилма Рускоска, припадници на полицијата денеска ја уапсија специјалната обвинителка Катица Јанева.

Информацијата беше потврдена од обвинителството, а се дознава дека Катица е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести