Израелската полиција започна истрага за смртта на кинескиот амбасадор.

Објавил: Едмонд Бекири | 17 мај, 2020 11:11

КИНЕСКИ АМБАСАДОР ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО СВОЈОТ СТАН ВО ИЗРАЕЛ: Полицијата започна истрага!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Амбасадорот на Народна Република Кина во Израел Ду Веи беше пронајден мртов во неговиот стан во предградието на Тел Авив.

Израелската полиција започна истрага за смртта на кинескиот амбасадор.

Ду (58) е пронајден мртов во кревет, а причината за неговата смрт сè уште не е објавена.

Израелскиот канал 12 ја пренесе изјавата на неименуван медицински службеник дека Ду, починал во сон од природна смрт.

Тој беше назначен за амбасадор во Израел во февруари годинава, а пред тоа беше шеф на дипломатската мисија во Украина.

Во интервјуто во април, тој рече дека по пристигнувањето во Израел, тој бил во 14-карантин поради епидемијата на коронавирус во Кина.
Педесет и осумгодишниот Ду Веи ги остави зад себе сопругата и синот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...