Премиерот Ковачевски потенцираше дека во многу краток период, во време на продлабочена криза, Владата успеа да договори рекордно зголемување на пензиите во историјата на Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 7 март, 2022 6:55

Ковачевски: Грижата за животниот стандард е приоритет – рекордно зголемени пензии и минимална плата од 18.000 денари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Граѓаните од нас очекуваат ефикасност, и затоа она што го ветуваме и го исполнуваме”, порача на својот Фејсбук профил Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски.

Премиерот Ковачевски потенцираше дека во многу краток период, во време на продлабочена криза, Владата успеа да договори рекордно зголемување на пензиите во историјата на Македонија.

Дополнително Владата обезбеди директна финансиска помош од 1000 денари за секој пензионер за наредните 3 месеци, а со овие мерки, посочи премиерот, пензионерите во просек ќе имаат скоро 200 евра плус во домашниот буџет за 2022 година.

„Минималната плата од 18.000 денари е реалност. Но уште поважно е што таа континуирано ќе расте без потреба од дополнителни интервенции. Сега, со две минимални плати може да се покрие синдикалната кошничка, што не беше случај пред само 5 години, кога беа потребни повеќе од 4 минимални плати за истата да се покрие. Во година полна со предизвици и продлабочена економска криза, преку правилна стратегија ги насочивме сите ресурси и енергија кон економска поддршка за граѓаните и стопанството. Така ќе продолжиме и понатаму.“, напиша премиерот Ковачевски на својот профил на социјалните мрежи.

Премиерот Ковачевски потенцираше дека грижата за животниот стандард на граѓаните, особено за оние најранливите, е еден од врвните приоритети за оваа Влада. Затоа, фокусот е на системски решенија преку кои континуирано се подобрува квалитетот на живот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести