Специјалните обвинители докази бараа потоа преку претрес во УБК и со експертска помош од Ериксон кои ги бараа доказите во мрежата кон Телеком.

Објавил: admin@magazin | 29 септември, 2019 18:59

КОД дојде до запленети фотографии што Верушевски ги добивал додека бил во притвор за Пуч!

Фото/Текст извор: ©телма

Од оние кои имаат сознанија за случајот, исказот на Верушевски во истрагата за Пуч го оценуваат како обемен, содржаен кој открива како всушност е извршено снимањето и нелегалното прислушување, открива вечерва Код на телевизија Телма.

Верушевски уште тогаш барал да се изврши вештачење за да се утврди точно каде нелегално се прислушувало и кој е одговорен за тоа. Верушевски при распитот пред обвинител дури и посочил дека обвинителот треба да го изведе вештачењето на опремата во УБК, во петата управа.

Таа негова идеја не била прифатена, а еден месец подоцна- опремата за следење на комуникации која не е вештачена била уништена на два скопски отпади за што СЈО го отвори предметот Тврдина, пишува Телма.

Специјалните обвинители докази бараа потоа преку претрес во УБК и со експертска помош од Ериксон кои ги бараа доказите во мрежата кон Телеком.
Овие извори на Код тврдат дека целта на тогашниот исказ на Верушевски и на актуелното сведочење е ист, да се изврши вештачење и експертски да се утврди каде е произведено незаконското прислушување и бомбите. Ваквиот исказ го откри КОД во оценката на обвинителниот акт даден пред судот . Верушевски тогаш ќе каже: 

Верушевски: ,,Не постои шпиунажа која се фокусира на прислушкување во држава. Таква амбиција нема самата шпиунажа туку има цел да обезбеди содржини кои се од витален интерес за национална безбедност.

Прислушкувањето е креација на петтата управа на УБК. Во истрагата не се обезбедени безбедносни протокли кои се неопходни за да се утврди оправданост на противправно однесување и кои исклучуваат можност од нелегален пристап“.,
Но во исказот од понеделник за Тврдина Таргет, Верушевски вели поинаку.

Инаку КОД дојде и до запленети фотографии што Верушевски ги добивал додека бил во притвор за Пуч. Повеќе на оваа тема вечерва во КОД во 19 :15 на Телма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести