Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека од 850 легла во одделенијата за интензивна нега наменети за пациенти со корона, 843 се моментално зафатени.

Објавил: Перо Милчин | 30 јануари, 2021 22:43

Колапс во Португалија- Уште 7 слободни кревети на интензивна нега: Пациентите се транспортираат на островите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Португалското Министерство за здравство предупреди дека уште седум кревети за пациенти се оставени слободни во единиците за интензивна нега во континенталниот дел на земјата.

Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека од 850 легла во одделенијата за интензивна нега наменети за пациенти со корона, 843 се моментално зафатени.

Поради зголемувањето на бројот на новозаразени, властите беа принудени да испратат некои пациенти во критична состојба на островите.

Десетмилионската земја има дополнителни 420 легла во единиците за интензивна нега за пациенти со други болести.

Досега во Португалија биле заразени 711.018 лица, а починале 12.179 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...