Времето денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 септември, 2019 11:12

Конечно заладување: Еве какво време не очекува до крајот на неделата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По пеколните температури конечно следува заладување па времето денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд.

Во текот на денот се очекува на одредени места да има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно ќе бидат застапени во западните и југозападните делови на земјава.

Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 10 до 19, а највисоката дневна температура ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје, предпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температура ќе се движи од 17 до 31 степени.

Утре повторно не очекува заладување, и појава на краткотраен пороен дожд. Од петок времето ќе биде стабилно и суво со умерен до засилен ветер од северен правец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести