Во Кина, во последните 24 часа се потврдени нови 23 случаи на коронавирус, што е зголемување во споредба со претходниот ден кога имало 17 од нив, објави Националната здравствена комисија.
Како што е наведено, само еден од новите случаи не бил увезен, додека единствениот локален пренос бил забележан во североисточната провинција Лиаонинг.
Исто така, пријавени се 10 нови асимптоматски случаи, кои не се вклучени во официјалната статистика, додека претходниот ден имало 16, пренесува Ројтерс.
Од почетокот на епидемијата, во Кина се регистрирани 86.829 случаи на коронавирус, а починале 4.634 лица.
Првите вакцини против коронавирусот веќе се примаат во Европа, иако досега само во Велика Британија, и иако се поставува прашањето кога ќе пристигнат во посиромашните земји во Европа, по една година од пандемијата конечно постои надеж дека животот ќе се врати во нормала.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.