Латас доби ослободителна пресуда за Тревник

Објавил: Узунов Бобан | 4 јули, 2019 10:48

Латас доби ослободителна пресуда, СЈО ќе се жали

Фото/Текст извор: ©магазин

Судот ги ослободи од вина Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан, кои беа обвинети за бесправна градба во случајот Тревник на СЈО.  Обвинителката Елизабета Јосифовска рече дека СЈО ќе поднесе жалба на првостепената одлука 

Судијката Марија Клетничка Марковски, на денешното изрекување на пресудата за „Тревник“, кажа дека делото за кое се обвинети не е кривично дело. Посочи дека тие се товарат оти од јули 2012 до 2013 година спротивно на закон граделе без одобрение во општина Зелениково на сопствено земјиште. Откако започнале со градба поднеле барање за издавање одобрение за изградба на викенд куќа до општината, прикривајќи дека градбата веќе е почната. 

Нема дилема дека ќе жалиме пред Апелациониот суд. За нас обвинението е издржано и основано“, рече обвинителката Јосифовска. 

Браќата се гонеа од СЈО за градење на три викенд куќи во Зелениково, кои според обвинителството почнале да ги градат во 2011 година, а одобренијата за градба ги добиле во 2013 година.

Судијката соопшти дека браќата Павловиќ се ослободуват од обвинение затоа што „задача на градежните инспектори е да го спроведуваат законот и да одредат казна ако некој го прекршил законот“.

„Во овој случај никој од државата не презел никакви мерки додека се граделе објектите ниту било донесено решение за отстранување на градбита – со ова се докажува дека немало јавен интерес, а потоа обвинетите добиле и одобрение за градба и платиле комуналии, а нивното впишување како сопственции не го оспорил никој“, рече судијката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести