Во последниве два дена се случиле три инциденти на вербално и физичко насилство врз здравствени работници и тоа во Градска општа болница „8 Септември” во Скопје, на Интерното одделение во Клиничката болница во Тетово и во една приватна болница во Скопје, посочуваат од Лекарската комора.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 септември, 2019 17:11

Лекарска комора: Да се стави крај на насилството во здравствените установи и да се презмат наjостри санкции

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лекарската комора преку соопштение апелира надлежните органи и институции да ги презмат сите мерки кои им се на располагање и најостро да ги казнат предизвикувачите на инциденти во здравстените установи.

Вчера беа нападнати доктори од поликлиниката 8 септември

Во последниве два дена се случиле три инциденти на вербално и физичко насилство врз здравствени работници и тоа во Градска општа болница „8 Септември” во Скопје, на Интерното одделение во Клиничката болница во Тетово и во една приватна болница во Скопје, посочуваат од Лекарската комора.

Од Лекарската комората наведуваат дека во изминатиот период иницирале повеќе средби и дебати за да му се застане на патот на насилството во здравството.

Лекарската комора ќе продолжи со активностите да се стави крај на насилството во здравството кое во последно време зема замав, затоа што состојбите стануваат алармантни. Целта е да им се овозможат нормални услови на медицинарите за вршење на нивната професија во грижата за граѓаните на кои им е потребна здравствена заштита, меѓу кои се и блиските на оние кои го предизвикуваат вербалното и физичкото насилство во здравствените установи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести