Брена на последното интервју изјавила дека не сака да ја викаат бабо.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 март, 2019 22:04

Лепа Брена јавно прозборе за снаата- таа открива каква мајка е Александра

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Познатата пејачка Лепа Брена неодамна го доби своето внуче, од синот Филип. Таа на последното интервју изјавила дека не сака да ја викаат бабо. Таа уште на почетокот на интервјуто му рекла на новинарот да не ја нарекува баба бидејќи ќе го прекине интервјуто.

„Јас сум само сопруга на дедото. Немој да ме викате баба и слично за да не го завршиме интервјуто“, изјавила со насмевка на лицето пред ТВ камерите, Лепа Брена.

Брена се насмевнала и започнала да зборува за внукот Александар, синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, и изјавија дека тоа е неизмерна среќа.

Инаку Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се венчаа минатата година во јуни.

-Тоа е една неопишана среќа, љубов, радост, но да ги видиш Александра и Филип со тоа мало бебенце, кога ќе ги видиш своите деца со дете… Не знам многу е тешко да се опише  таква врста на љубов.

Брена за снаата, познатата пејачка Алксандра Пријович изјавила дека иако е млада, таа е фантастична мајка, која собрала сили и веднаш по само една ноќ станала од креветот по породувањето со царски рез.

„Воопшто не е размазена. Многу му е посветена на бебето. Го дои . Ние само трепкаме и гледаме и ни тргнуваат солзи радосници, раскажала видно среќната Лепа Брена.

Пејачката заедно со сопругот Филип го добија своето прво дете на 6 март годинава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.