По 6 неделната терапија, херојот Синиша Михајловиќ денеска беше пуштен од болница и веднаш се упати кон стадионот на кој сосема очекувано, доби огромна поддршка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 август, 2019 21:46

ЛИЦЕТО НА ХЕРОЈОТ: Синиша Михајловиќ во солзи се врати на клупата на Болоња!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Синиша Михајловиќ вечерва се појави на клупата на Болоња, за да биде дел од премиерниот меч во новата сезона во Серија А.

По 6 неделната терапија, херојот Синиша Михајловиќ денеска беше пуштен од болница и веднаш се упати кон стадионот на кој сосема очекувано, од публиката доби огромна поддршка.

Синиша Михајловиќ на 13. јули објави дека боледува од леукемија.
Пет дена подоцна почна со интензивен третман.

Пред почетокот на мечот публиката го поздрави Миха, а тој им возврати, по што се фокусираше на мечот.

Кариерата ја започнал како лево крило, меѓутоа со преоѓањето во Италија бил прекомандуван во одбраната, каде што играл до крајот на својата играчка кариера.

За репрезентациите на СФР Југославија, СР Југославија и Србија и Црна Гора, Михајловиќ одиграл вкупно 63 натпревари и постигнал 10 гола, а учествувал и на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000.

Познат е како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот.

Тој и Џузепе Сињори се единствените двајца играчи во Серија А, кои постигнале по три гола на еден натпревар од слободни удари, а исто така го држи рекордот по бројот на постигнати голови од слободен удар во Серија А заедно со Андреа Пирло (28).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...