Шумахер пред шест години доживеа несреќа за време на скијање на Алпите од која се здоби со тешки повреди на главата поради што и долг период беше во коматозна состојба. Неговиот денешен лик е енигма за светската јавност, освен за членовите на семејството.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јануари, 2020 17:23

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ШУМАХЕР: Повеќе не е во кома, но не е како порано

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Никола Ачијари, светски познатиот неврохирург од Италија, денеска ја шокираше јавноста откако изјави дека поранешниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер воопшто не личи на човекот што го памети од патеките.

Надвор од стазите, Шумахер е амбасадор на УНЕСКО и говорник за безбедноста на возачите. Тој е инволвиран во бројни хуманитарни акции низ целиот негов живот и има донирано десеттици милиони долари во хуманитарни цели. Михаил и неговиот помлад брат Ралф Шумахер се единствените браќа кои победиле на трки во Формула Еден, и тие биле првите браќа кои завршиле на прво и второ место во иста трка, во Монтреал 2001 година, и уште еднаш на истото место (но во обратен редослед) во 2003 година.

– Шумахер е непрепознатлив. Тој повеќе не е во кома, но далеку е од човекот што го паметиме. Сега и органски и психички е поинаква личност, со изменета органска, мускулна и скелетна структура како последица на травматските повреди на главата, вели Ачијари, кој работи во болницата во Болоња.

Шумахер пред шест години доживеа несреќа за време на скијање на Алпите од која се здоби со тешки повреди на главата поради што и долг период беше во коматозна состојба. Неговиот денешен лик е енигма за светската јавност, освен за членовите на семејството.

Пред извесно време неговата сопруга Корина на денот кога изминаа шест години од несреќата, напиша мистериозна порака. 

Големите работи почнуваат со мали чекори. Мали парчиња кои можат да состават голем мозаик, напишала Корина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Формула

Уште од денот на несреќата, семејството ја крие состојбата на Шумахер, далеку од очите на јавноста, но сепак Тод е еден од ретките луѓе што сопругата на Шумахер, Корина дозволува да се приближи на нејзиниот сопруг. 

Конечно добра вест за состојбата на Михаел Шумахер

Добри вести пристигнаа за фановите на некогашниот број еден возач на Формула 1 Михаил...