Во Ерусалим се наоѓа и Светиот Гроб, местото за кое се верува дека е гробот на Исус Христос.

Објавил: admin@magazin | 27 април, 2019 18:28

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА: ЕРУСАЛИМ ДОБИ КРСТ НАПИШАН СО МОЛИТВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Ерусалим денеска доби крст од граѓани од Струмица, на кој е испишана молитвата на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!

Во пресрет на најголемиот Македонски Христијански празник ВЕЛИГДЕН, во Ерусалим македонски граѓани одржаа литургија на Македонски јазик и оставија КРСТ кој е испишан со молитва на Македонски јазик. Македонските граѓани изјавиле за порталот Струмица денес, дека никогаш во животот не се чувствувале посреќни и духовно исполнети. Исто така изјавиле дека во Ерусалим знаат за РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и ја почитуваат многу.

Ерусалим денеска доби крст од граѓани од Струмица на кој е испишана молитвата на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!

„Да си овде деновиве е вистински благослов и вистинско уживање. Никогаш во животот не сме се чувствувале толку духовно исполнети. И најважно од се е тоа што овде знаат за Македонија, и ја почитуваат многу“-изјавија за порталот Струмица Денес, нашите сограѓани струмичани кој моментално се во Ерусалим и ни пуштија слики за да ги објавиме и доближиме до нашите читатели.

Благодатниот оган кај православните верници претставува Господова појава на Светиот дух и потврда за Христовото Воскресение. Огинот светна и оваа година, а светлоста се рашири низ целиот храм, помеѓу верниците кои се дојдени од целиот свет во Ерусалим.

Оваа година во Ерусалим се случи истото, а Благодатниот оган вечерва од Ерусалим преку Софија се очекува да пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје, информираат од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Во Ерусалим се наоѓа и Светиот Гроб, местото за кое се верува дека е гробот на Исус Христос. Градинарскиот гроб пак се смета за местото каде што бил погребан Исус Христос и каде што воскреснал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.