Како што пренесува „Њузвик“, пожарот избил во исто време со оној во катедралата во Париз. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 април, 2019 12:22

Истовремено со Нотр Дам гореше и џамијата Ал-Акса во Ерусалим

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Додека вчера силни пламени јазли ја фатија катедралата Нотр Дам во Париз, никој не го забележа големиот пожар во светата џамија Ал-Акса во Ерусалим.

Како што пренесува „Њузвик“, пожарот избил во исто време со оној во катедралата во Париз. 

Страотна е глетката во видеото кое се појави на социјалните мрежи од пожарот во џамијата. 

Во видеото може да се забележи како бесни пламени јазли го совладуваат објектот наречен Марвани во светата џамија Ал-Акса во Израел, место кое се користи како молитвена соба, за верниците.

Вистински белег на Ерусалим е Куполата на Карпата, која може да се види од секоја страна.

Новинската агенција од Палестина потврди дека пожарот избил во собата на стражарот, а потоа и бил ставен под контрола од исламската противпожарна бригада Вакиф.

Стариот град е место каде се наоѓаат некои од клучните религиозни знаменитости на трите религии во градот: Ерусалимски храмзаедно со Ѕидот на плачот за евреите, Светиот Гроб за христијаните, и џамиите Кубат Ал Сахра и Ал Акса на муслиманите. Ова место има неверојатна историја и култура, е вистински светилиште за трите големи светски религии. Во 1980 година, стариот град во Ерусалим е заштитен под УНЕСКО.  

Инаку светата џамија Ал Аска во 2014 година беше еден од предлозите кои требаа да бидат на новите валути на Исламската држава. На едната страна се симболите на Исламската држава и калифатот, вредноста на монетата и тежината, а од друга страна разни мотиви, како карта на светот, полумесечина, џамијата Ал Аска во Еруслаим.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести