Времето постојано ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, повремено ветерот на некои места ќе засилува на интензитет.

Објавил: Владо Марин | 31 јули, 2021 16:39

МАКЕДОНИЈА ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА ПОРАДИ ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: НАЈТОПЛО И ДО 45°C ВО ПОНЕДЕЛНИК

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонија поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури на воздухот се наоѓа во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА фаза, така ќе се задржи и понатаму во следните денови.

Времето постојано ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, повремено ветерот на некои места ќе засилува на интензитет.

Особено поиздразен ветер од западен правец ќе имаме во понеделник, особено од пладневните часови па натаму.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, најтопло ќе биде во понеделник (за Илинден) кога температурите Долж Повардарието и на југоистокот ќе се искачат до околу 45 степени и истите и понатаму ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој период од годината.

  • И понатаму во следните денови, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок со што и атмосферата ќе биде заматена и со намалена видливост.
  • УВ ИНДЕКОСТ ќе остане МНОГУ ВИСОК и следните денови и ќе има коефициент 9, што значи граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да пијат што повеќе течности.За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...