Од нив фалсификуваните алкохолни пијалаци во најголем дел доаѓаат од Македонија, додека Турција е главен извор на лажни козметички производи и парфеми како и на друг вид пијалаци.

Објавил: admin@magazin | 19 септември, 2019 19:08

Македонија на ТОП ВРВОТ за фалсификувани пијалоци на ЕУ пазарот !

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што соопшти денеска Европската комисија, царинските служби во Европската Унија спречиле влез на фалсификувани и опасни производи на европскиот пазар во вредност од 740 милиони евра во текот на 2008 година.

Од нив фалсификуваните алкохолни пијалаци во најголем дел доаѓаат од Македонија, додека Турција е главен извор на лажни козметички производи и парфеми како и на друг вид пијалаци.

Од Босна и Херцеговина највеќе пристигнуваат лажни пакувања, од Индија фалш информатички опреми, а од Камбоџа фалсификувани цигари.
Кинеските производи кои пристигнуваат на европскиот пазар и натаму најмногу ги прекршуваат европските правила на интелектуална сопственост, прецизира Европската Комисија.

Зголемен е бројот на фалсификувани мобилни телефони, тонери, и други производи од Хонг Конг.

Најчесто задржувани предмети на европските граници биле производите за домашна нега како лекови, играчки, и електрични направи во износ од 37 отсто, потоа цигарите со 15 отсто.

Од 57.433 во 2017 година, бројката на задржани производи на царина е зголемена на 69.354 во 2018 година.
Вкупно околу 27 милиони предмети го прекршувале правото на интелектуална сопственост.

– Царинските службеници ширум ЕУ успешно следеа и задржаа фалсификувани производи кои се често опасни за потрошувачите, нивната работа е дотолку потешка што расте бројот на мали пакувања кои влегуваат во ЕУ преку онлајн продажба, изјави Пјер Московиси, еврокомесарот задолжен за економија, финансии и царина.

МИА агенција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести