Ислами е седумкратна најдобра атлетичарка во Македонија а беше и претставник на летните Олимписки спортски игри во Рио де Жанеиро

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 8:41

Македонија плаќа за Дрита да го лета албанскиот орел низ Европа?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дрита Ислами замина на Европското првенство во атлетика во Берлин да ја претставува Македонија и забележа исклучително слаб резултат дури и за домашни стандарди.

Ако за нејзиниот настап имаме разбирање со оглед на можностите а беше ама баш последна од сите во квалификациите на 400 метри со пречки тогаш дефинитивно заслужува најжестоки критики за однесувањето надвор од спортските борилишта.

Таа како репрезент на македонската атлетика си дозволи да се прошета низ Берлин и да “лета орли”.

Ќе биде убаво Ислами и објасни на македонската јавност зошто заврши срамно последна на патеката но уште повеќе дали се ова некои националистички пораки додека е испратена да ја претставува Република Македонија на Европското првенство во Берлин.

За гестот на Ислами нема коментар од Атлетската федерација на Македонија но и Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести