Годинашниот Меѓународен саем во Солун ќе трае до 16 септември

Објавил: admin@magazin | 8 септември, 2018 14:32

Македонија учесник на Меѓународниот саем во Солун

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Со присуство на министерот за информатички технологии, Дамјан Манчевски и со штанд на неколку компании, и Македонија учествува на 83-от Меѓународен саем во Солун.

Според дописничката на МИА од Атина, министерот Манчевски денес во рамки на саемот ќе има работен ручек со неговиот грчки колега Никос Папас, како и средби со претставници на грчки и американски компании.

Во текот на следната седмица, на саемот ќе присуствува и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Македонија и оваа година со штанд, на кој излагаат неколку компании, е меѓу 20-те земји учеснички на саемот.

Според најавите, годинашниот Меѓународен саем во Солун ќе трае до 16 септември, а се очекува да биде најголем до сега, со 1.500 штандови од 20 земји. Процените, пак, се дека ќе го посетат над 290 илјади посетители.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести