Ова јадење е распространето на Балканскиот Полуостров и на Блискиот Исток, на сончевите простори кои располагаат со доста овошје и зеленчук.

Објавил: admin@magazin | 28 ноември, 2021 20:01

Македонска зимница – туршија

Фото/Текст извор: ©магазин

Туршијата се служи како предјадење или мезе. Секогаш се спрема во есенскиот период од годината.

Ова јадење е распространето на Балканскиот Полуостров и на Блискиот Исток, на сончевите простори кои располагаат со доста овошје и зеленчук.

Се спрема во есен за да го пополни недостатокот на свеж зеленчук во текот на зимските месеци.

Зеленчукот се чисти, мие и реди во сад наменет за туршија, кој може убаво да се затвори. Се остава да престои, а утредента се прелива со пресолот. Се прави пресол од 2 литри вода, солта, шеќерот. Се префрла во друг голем сад и се додава есенцијата и 8 литри вода. Со оваа течност се прелива зеленчукот и се пази истиот да не „лета“ нагоре. Се затвора садот и за десетина дена туршијата е готова.

Состојки:

2 кг карфиол
2 кг пиперки за туршија
2 кг моркови
2 кг зелени домати
2 кг зелени динчиња
300 г сол
300 г шеќер
250 мл есенција
2+8 л вода 

Припрема :

1. Зеленчукот се чисти, мие и реди во сад наменет за туршија, кој убаво може да се затвори. Се остава да престои, а утредента се прелива со пресолот.

2. Се прави пресол од 2 литри вода, солта, шеќерот и винобранот.

3. Се префрла во друг голем сад и се додава есенцијата и уште 8 литри вода. Со оваа течност се прелива зеленчукот,ако е потребно, се прицврстува зеленчуокот да не „лета„ нагоре, садот се затвора и по десетина дена туршијата е готова.

4. НАПОМЕНА: според овој рецепт разниот зеленчук може да биде застапен по ваша желба, важно е само вкупното количество да биде 10 кг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.