Денко Малески во колумна во неделникот Фокус македонскиот народ го нарече шизофрен, затоа што сака во ЕУ и НАТО но не сака да го поддржи Преспанскиот договор

Објавил: Мартин Попоски | 29 ноември, 2018 11:53

Малески сака да е претседател на народ кој го нарекува “шизофрен”?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Денко Малески открива дека до сега никој не го контактирал за кандидатура за претседател, но смета дека би прифатил само ако е поддржан од сите политички партии.

Идејата за консензуален претседател е убава, но до сега никој не контактирал со мене за моја кандидатура на претстојните претседателски избори, вели универзитетскиот професор Денко Малески.

Сепак тој истакнува дека за ова прашање е неопходен широк консензус.

Под консензус за ова прашање јас подразбирам широк консензус на сите политички партии. Состојбата во општеството налага поинакво поведение на сите политички партии од она кое би било во вообичаена атмосфера за претседателски избори. – вели Малески.

Неговото име е се поприсутно во партиските комбинаторики за претседателските избори. Претседателот на ДУИ Али Ахмети во изјава за медиумите рече дека до сега не зборувале за имиња, но дека Денко Малески е угледен професор што ги исполнува сите стандарди.

Според Ахмети тој е најдобриот кандидат, но се уште не разговарале со останатите политички партии.

ДУИ одамна ја промовира идејата за консензуален престедател на државата. Уште при претходните претседателски избори. Таа не беше прифатена од ВМРО – ДПМНЕ по што ДУИ го бојкотираше вториот круг.

Во април идната година истекува мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов.

За Денко Малески сме шизофрени!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести