Според досегашната ситуација мала е веројатноста денеска да се донесе одлука за почеток на преговорите за двете земји.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јуни, 2019 11:30

Мали се шансите денес да добиеме датум за преговори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска министрите од 28-те земји членки ќе се состанат да разговараат за почетокот на формалните преговори за членство на Македонја и на Албанија.

Според досегашната ситуација мала е веројатноста денеска да се донесе одлука за почеток на преговорите за двете земји.

Могерини – Шекеринска: Северна Македонија и Албанија подготвени за преговори со ЕУ

Дипломат на ЕУ изјави дека не е можно денеска да се донесе одлука за влез во унијата бидејќи имаше големо несогласување меѓу претставниците на земјите членки и не е сигурно дека сите министри ќе можат да се договорат. Албанските власти веќе негодуваат што Македонија сака да се издови и ЕУ самостојно да ја оценува дали треба да почне преговори со унијата. 

Инаку премиерот Зоран Заев заедно со македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров вчера дадоа интервју за два германски весника каде потенцираат дека од голема важност е Македонија да влезе во ЕУ, односно да се добие датум за почеток на преговорите со ЕУ оваа година, пренесува  „Дојче веле“.

Весникот Ханделсблат пишува дека премиерот Зоран Заев е голем оптимист дека Македонија ќе добие позитивна одлука.

Очекувам позитивни и јасни заклучоци кои ќе утврдат дека годинава ќе ги започнеме преговорите за членство и со тоа ќе добиеме една дополнителна мотивација за реформскиот процес во Северна Македонија. Во 2025 или 2030 да станеме членки на ЕУ. Не знам. Прашање е кога ние ќе бидеме подготвени за Европа, и кога Европа ќе биде подготвена за нас. Обете страни се важни. Најважно е дека реформите на тој пат ќе бидат од корист за земјат, вели Заев за Ханделсблат.

Денес министрите на земјите членки на Европската унија се наоѓаат во ќорсокак околу дискусијата за почнувањето преговори за пристапување со Македонија и Албанија, но доколку Кипар опстои на својот тврд став тоа ќе се одрази и на заклучоците за Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Земјите во ЕУ се поделени во однос на пристапот кон Кипар и Турција. Грција на пример, безусловно го поддржува Кипар контра Турција. Грчкиот министер за надворешни работи Катругалос пред средбата изјави дека Грција “традиционално води надворешна полтика базирана на меѓународното право и се противи на сите обиди за ревизионизам. Ескалацијата на провокациите од страна на Турција не е знак на надмоќ, туку знак на слабост. И мора да имаме потврда од страна на ЕУ дека суверените права на Кипар во однос на ексклузивната економска зона се исто така суверени права на ЕУ“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести