Во Виница за само една недела 2 случаи на труење со храна со затруени над 170 лица, индицент за кој нема реакции од Центарот за јавно здравјe и Агенцијата за храна и ветеринарство

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 15:03

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми на труење со храна проследени со висока температура и стомачни тегоби неколку часа по земањето храна и пијалаци во некои од локалните угостителски објекти.

Од минатиот викенд до денеска во Виница затруени се повеќе од 170 лица, а надлежните институции, Центарот за јавно здравјe и Агенцијата за храна и ветеринарство, како воопшто и да не постојат.

По минатонеделното труење екипи испрати само Државниот санитарен и здравствен инспекторат, од каде што потврдија дека затвориле една сендвичарница.

Што воопшто сработија екипите на Центарот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветерина кога една недела подоцна има ново труењето од други угостителски објекти со двојно поголема бројка на затруени граѓани.

Граѓаните бараат одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство дали некој врши контрола на тоа каква храна и пијалаци се пуштаат во продажба во угостителските објекти како во Виница така и во целата држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...