Политиката на Зелената партија ДОМ не треба да се врзува само со еколошките теми и климата, туку и со почитувањето на човековите права, социјалните права, недискриминацијата, како и со политиките за развој на зелената економија“, истакнала Морачанин.

Објавил: Перо Милчин | 28 ноември, 2022 7:01

Маја Морачанин реизбрана за претседателка на ДОМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Досегашната лидерка, Маја Морачанин е повторно избрана за претседателка на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на вчерашниот петти конгрес на партијата.

Како што информираа од партијата, заблагодарувајќи се на довербата, Морачанин нагласила дека ДОМ и во иднина ќе биде активен и конструктивен фактор во политичкиот пристап за решавање на сите општествени проблеми и прашања.

Политиката на Зелената партија ДОМ не треба да се врзува само со еколошките теми и климата, туку и со почитувањето на човековите права, социјалните права, недискриминацијата, како и со политиките за развој на зелената економија“, истакнала Морачанин.

Од партијата соопштија и дека делегатите на конгресот (309), исто така едногласно го избрале и новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор, а биле усвоени и Извештајот за работата на ДОМ во периодот од 2018 до 2022 година, како и Предлог-програмата за работата на Зелената партија ДОМ во периодот до 2026 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести