Анастасија по негатвниот тест за корона реши да ги продолжи своите излегувања и на својот Инстаграм профил сподели фотографија ноќното излегување под кое напиша дека се заљубила во својот фустан. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јуни, 2020 10:45

Цеца и Вељко заболени од корона а Анастасија “главна” во ноќните клубови!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Деновиве семејството Ражнатовиќ е топ тема во медиумите поради коронавирусот. Имено Цеца и Вељко се позитивни на Ковид 19 а Анастасија по се изгледа не сака да мирува па и покрај тоа што е можен пренесувач на вирусот таа ужива во дискотеките во Нови Сад каде живее со своето момче. 

Анастасија не седи дома и покрај тоа што нејзиното семејство е заболено од коронавирус!

Анастасија по негатвниот тест за корона реши да ги продолжи своите излегувања и на својот Инстаграм профил сподели фотографија ноќното излегување под кое напиша дека се заљубила во својот фустан. 

Имено, семејството Ражнатовиќ по радосната вест и раѓањето на новиот член во семејството направи мекици на кои присуствуваа многу познати личности. Во домот во вилата во Дедиње првиот ден се организираше прославата, а другиот ден во домот на Богдана во Тител.

Познатиот фризер на Цеца исто така е заболен од коронавирус, а српските медиуми откриваат дека дури десетина потенцијални гости и познати личности кои се тестирале и би можеле да бидат заразени.

Водителката Душица Јаковлевиќ сè уште не демантирала ниту потврдила дека го има вирусот корона, иако со денови се шпекулира дека е позитивна, па вестите одекнаа во јавноста како бомба по што се смета дека таа била онаа која го заразила семејството Ражнатовиќ.

Цеца Ражнатовиќ се огласи на социјалните мрежи  пред неколку дена и потврди дека има корона, исто како и нејзиниот син Вељко. Фризерот на Цеца и Анастасија, Стеван Радивојевиќ, исто така, потврди дека е позитивен на вирусот.

Александра Пријовиќ, која беше на забавата на Ражнатовиќ, откри дека е негативна на корона па синоќа се појави пред белградската публика на настап во еден клуб. Жика Јакшиќ, продуцентот на „Гранд“, потврди дека е негативен на вирусот.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.