Кампот ќе биде стациониран во Визбегово, Заев повоторно со манипулација на сопствениот народ!

Објавил: admin@magazin | 8 јули, 2018 11:00

МВР потврди, ќе се гради камп за мигранти

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

МВР призна дека ќе се гради центар за странци бидејќи е потребно да се подобрат капацитетите на веќе постоечкиот. Ова е прва институција која јавно одговори дека документите за изградба на ваков центар во Бардовци се точни.

Директорот на БЈБ вели има нова локација но тој не располага со елаборатот. Лазовски тврди дека нема опасност од враќање на мигранти во земјава од државите на ЕУ. Во Стратешкиот план на МВР за 2018-2020 пишува дека парите за овој центар ќе бидат обезбедени од странски донации. Ја посетивме локацијата која е наведена во годишната стратегија за урбанизам на Владата, објавена во службен весник, за што вчера премиерот тврдеше дека е лага и вели дека никој не побарал ниту пак ќе се градат бегалски кампови во Македонија. Се работи за површина од околу 7 хектари на која има запуштени воени магацини и ниви. Местото е веќе оградено и според стратешките планови би требало да се изгради до крајот на следната година.

ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести дека во прифатниот центар во Визбегово ќе се градат бегалски кампови. Ги повикувам граѓаните да не наседнуваат на лажните документи кои се споделуваат по социјалните мрежи. Вистината е следната: Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живееа под Кале, а не камп за мигранти. Оваа одлука е усвоена уште пред една година со која Владата трајно ќе им се обезбеди дом на повеќе од 80 лица кои живееја во на улица. Очигледно паниката кај ВМРО-ДПМНЕ е преголема па се спремни ваквите хумани решенија да ги злоупотребуваат. Повторно јасно порачуваме – бегалски кампови нема да се градат и бегалци нема да се населуваат во нашата земја“, пишува Царовска.

Инаку во Центар за странци до сега беа сместувани дел од мигрантите. Во најголем број на почетокот од бегалската криза. Во меѓувреме, на состанокот во Виена претседателот на ЕК Жан Клод Јункер најави дека извршното тело во септември ќе претстави предлог за заштита на надворешните граници на Унијата. Австрискиот канцелар Курц и неговиот заменик пак порачаа дека Австрија нема да ги прифати вратените бегалци.

Пред само една недела министерката Мила  Царовска ја обвини опозицијата за ширење на лаги, додека во исто време проектот се гради.

И премиерот Заев деновиве излезе со изјава дека е „лага„ веста дека се градат бегалски кампови. Сепак изјавата на Зоран Заев не може да се земе сериозно и конструктивно имајќи ги во предвид и фактите дека Заев се служи со тешки невистини и досега многу пати го погази својот збор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести