Планот опфаќа изградба на три нови регионални болници, за коишто средства издвои и Европската Унија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 август, 2019 18:52

“МЕТАЛИКА“ донираше 250.000 евра за изградба на детска онколошка болница во Букурешт!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот хеви-метал бенд „Металика“ донираше 250.000 евра на романското здружение кое ја гради првата детска онколошка болница во земјата.

Донацијата пак, ја објавија пред концертот на групата во среда, што е веќе распродаден.

Изградбата на болницата во Букурешт, започна кон средината на 2018 година, а се очекува да заврши идната година.
Досега се собрани донации од 260.000 поединци и скоро 2.000 компании.

Металика е американска хеви метал музичка група од Лос Анџелес, Калифорнија.

Нивната музика е спој на треш и спид метал, со доста агресивни текстови и брза изведба. Основана е во октомври 1981 година, по објавениот оглас на Ларс Улрих во еден локален весник, на кој одговорил Џејмс Хетфилд. Во денешната постава на бендот освен споменатите двајца, членуваат уште Кирк Хамет и Роберт Трухиљо.

Освен Хетфилд и Улрих, во првата постава на бендот членувале уште Дејв Мастејн и Рон МекГовни. Мастејн и Мекговни не се појавуваат на ниту еден студиски албум.

Поранешни членови на Металика кои имале придонес барем на еден студиски албум биле Џејсон Њустед и покојниот Клиф Бартон. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.