Мизрахи потенцираше дека Резолуцијата која е креирана од МАНУ, УКИМ и МПЦ зборува за македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската историја и нема што да се коригира во неа.

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2021 20:29

Мизрахи: Резолуцијата зборува за македонски јазик, идентитет и историја и нема зошто да се коригира

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Резолуцијата која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ е креирана на таков начин за ниту еден граѓанин на Македонија нема да рече „не“ за оваа резолуција и ниту една политичка фигура нема да рече „не“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи за „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.

Мизрахи потенцираше дека Резолуцијата која е креирана од МАНУ, УКИМ и МПЦ зборува за македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската историја и нема што да се коригира во неа.

Во однос на пописот таа истакна дека методологијата и натаму останува спорна точка да се дискутира бидејќи со неа се утврдуваат резидентните и нерезидентните граѓани.

Законското решение кое беше понудено за пописот тоа беше нецелосно и се чекаше методологијата да надополни одредени прашалници кои останаа отворени во законот кои се однесуваа пред се на резидентно и нерезидентно население, а методологијата остана да биде и понатаму дискутирана Секако дека и понатаму дека ќе се дискутира за методологијата, бидејќи истата претставува подзаконски акт што значи дека е менлива, рече Мизрахи.

Мизрахи се осврна и на Законот за државјанство каде што потенцираше дека доколку Македонија сака да биде дел од ЕУ, мора да се однесува така, а земји во ЕУ бараат за да добиете државјанство да бидете резидентен граѓанин од 8 до 10 години.

 Оној закон за државјанство кој беше приложен во 2020 најверојатно ќе послужи како пандан за следното решение. Во однос на текстот на законот има збир на небулози како на пример дека граѓаните ќе може да добијат државјанство согласно одреден елемент како што е завршена учебна година, а такви се и студентите кои биле на посета, такви небулози се работничка книшка, доказ за платена сметка. Доколку одиме во ЕУ треба да видиме како функционираат другите држави во ЕУ, кои бараат за да добиете државјанство да бидете резидентен граѓанин од 8 до 10 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...