„Довербата на рекордниот број американски гласачи што му беше покажана потврдува дека мора упорно да веруваме во демократијата дури и кога таа се тестира“, рече Милановиќ.

Објавил: Перо Милчин | 8 ноември, 2020 12:31

Милановиќ воодушевен: Еве како хрватскиот претседател го гледа наводниот победник на изборите во САД!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, му ја честиташе победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД и тој е убеден дека ова ќе значи обновување на трансатлантското партнерство.

„Довербата на рекордниот број американски гласачи што му беше покажана потврдува дека мора упорно да веруваме во демократијата дури и кога таа се тестира“, рече Милановиќ.

„Сигурен сум дека победата на eо Бајден ќе значи обновување на евро-атлантското партнерство што беше загрозено и дека Европа повторно ќе биде главниот сојузник на САД“, додаде Милановиќ, нагласувајќи дека тоа е добро за глобализираниот свет, Европа и Хрватска.

„Верувам дека Хрватска ќе има не само сојузник, туку и пријател во избраниот претседател на Соединетите држави, особено што Џо Бајден добро ја разбира нашата понова историја, што можев да го видам за време на претходните, многу важни разговори со него“, заклучи хрватскиот претседател.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...