Чудно е премиер, кој не е ни обнинител, ни судија, да се координира со адвокатот на осомничената во “Рекет“

Објавил: Данаил Михајловски | 13 септември, 2019 14:28

Милошоски: Заев призна, сега треба да каже во кое својство му реферирала Фрчкоска!

Фото/Текст извор: ©магазин

Денес премиерот Заев демантираше и рече дека се “лаги без опашки“ тврдењата на пратеникот Милошоски, кој вчера изјави дека лично премиерот лидерската средба за законот за обвинителство им соопштил дека осомничената Катица Јанева за десетина дена од притвор ќе биде пуштена во куќен притвор. Антонијо Милошоски на Фејсбук му се заблагодари на Заев што признал дека има комуникација со Ирена Фрчкоска, адвокат на осомничената Катица Јанева, и сопруга на поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчкоски. Во својата порака Милошоски го прозва Заев да одговори на неколку битни прашања за комуникацијата со адвокатката на Катица, но и го праша “кој е консилиере, а кој е главен во групата Рекет“. Ви го пренесуваме Фејсбук статусот на Милошоски:

Милошоски до Заев: Треба да одговориш кој е консилиере, а кој е главен во случајот “Рекет“?

Милошоски:

Заев денес се обиде невешто да демантира, но добро е што призна дека бил во комуникација со адвокатот на рекетарката Катица Јанева. Сега е уште побитно да одговори на неколку прашања.
Прво, во кое својство премиер на држава, кој не ни обвинител, ни судија, во екот на најголемиот скандал на правосудството во историјата на Македонија, е во контакт баш со адвокатот на осомничената рекетарката и зошто со неа разговарале за мерките за обезбедување притвор или куќен притвор за Катица Јанева?
Второ, од каде доаѓа потребата на адвокатката Ирена Фрчкоска да го извести токму премиерот Заев за тоа кои чекори ќе ги превземе осомничената Катица Јанева?
И трето, дали оваа блиска координација на адвокатката и премиерот е во улога на „консилиере“ на групата за „Рекет“ и кој е тука главниот?“, пишува Милошоски на фејсбук.

Инаку притворот на Катица Јанева треба да и заврши на 22-ри Септември, кога судските органи повторно ќе одлучуваат дали истиот ќе и биде продолжен. Мерката притвор денес освен за првоосомничениот Бојан Јовановски алијас Боки13, според информацијата од Кривичниот суд, се продолжи и за второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести