Тој нагласи дека очекуваат во следните ден-два владиниот тим да има можност да го разгледа, а до крајот на работнава недела можеби четврток или петок да има и повторна средба доколку одговара за владината страна за преговори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 септември, 2019 17:27

Милошоски: Предлагаме методологија која ќе гарантира дека власта нема да донесе обвинител од типот на Русковска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Антонио Милошоски , пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека пред неколку денови примиле предлог од страна на владиниот тим по однос на законот за обвинителство.

Милошоски: Предлагаме методологија со ќе се стави крај на изборот на владино подобен обвинител

Тие во тој предлог забележале дека СДСМ го менува претходниот предлог кој што го дадоа пред еден месец и забележале дека го менуваат и оној предлог кој што премиерот Зоран Заев го даде како мандатар кога предлагаше дека опозицијата ќе го номинира главниот државен обвинител. Милошоски додаде дека одговориле писмено на предлогот на владиниот тим за преговори и истиот го доставиле денес. Тој нагласи дека очекуваат во следните ден-два владиниот тим да има можност да го разгледа, а до крајот на работнава недела можеби четврток или петок да има и повторна средба доколку одговара за владината страна за преговори.

– Прво сметаме дека е веќе доволно од изнаоѓање на нови хибридни решенија како што беше она што го предложи господинот Заев да се подели обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на два дела со што едното обвинителство би било за висока корупција. Ние сметаме дека досегашниот стандарден модел треба да се задржи да остане обвинителството за гонење на криминал и висока корупција како единствено, неподелено обвинителство, да нема нови хибридни решенија, а самото превземање од страна на ова обвинителство на надлежностите на досегашното специјално јавно обвинителство доколку се донесе закон за истото да вклучат и методологија за избор на новиот обвинител за организиран криминал при што опозицијата, Собранието и Комисијата за избори и именување ќе имаат битна улога. Во однос на самиот избор предлагаме методологија која што ќе даде сигурност дека нема власта да го има последниот збор и да избере владино подобен обвинител од типот на госпоѓата Русковска, туку опозицијата предлага од оние кои што ќе конкурираат за тоа обнинителство една личност, доколку тој предлог не помине се повторува постапката уште еднаш, доколку теоретски и тој предлог не помине тогаш опозицијата и владејачкото мнозинство имаат можност заеднички да предложат личност до Советот на јавни обвинители, доколку и тоа не се случи тогаш опозицијата го задржува правото да предложи тројца кандидати до Советот за јавни обвинители кој што ќе одлучи согласно високите стандарди во законот кој од нив би бил избран за обвинител за организиран криминал и корупција. И следна разлика којашто што ја имаме во однос на предлогот од страна на владата е дека за оваа позиција сметаме освен од обвинителската фела би можеле да бидат номинирани компетенти лица и од академската сфера кои што имаат соодветно искуство во кривично-правната материја мислиме пред се на професори.– вели тој.

Додава дека генерално тоа се оние клучни поенти од предлогот кој што го доставуваат до владиниот тим и врз основа на кој очекуваат во следните денови откако ќе го разгледаат да имаат можност да разменат мислења и аргументи.

Извор Лидер.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести