Со овој колективен договор за сите вработени во Министерството се регулира правото за надоместок за дополнителни овластувања како и регулирање на надоместок за работа во комсии надвор од описот на работното место.“- изјави министерот Хоџа!

Објавил: Перо Милчин | 12 февруари, 2021 15:24

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за првпат потпиша колективен договор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска за првпат го потпиша колективниот договор со кој се уредуваат, статусот, правата, обврските и одговорностите во врска со работниот однос на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во потпушувањето на овој договор учествуваа и претседателот на синдикатот на вработените од Управата, Правосудните органи и Здруженијата на граѓани на Република Северна Македонија Пецо Грујовски, претседателот на синдикалната организација при МЗШВ, Александар Диље и претседателот на Независен синдикат на Шумска полиција, Никола Гаговски.

“За првпат, системски ќе се регулираат правата и обврските за личен доход кај овластените службени лица во Шумската полиција.

Исто така за првпат се регулира правото за добивање на додаток во висина од 30% за компонента, ниво за Овластени службени лица поради видот, природата и сложеноста на работите што се извршуваат како и тежината и посебните услови под кои се извршуваат.

Со овој колективен договор за сите вработени во Министерството се регулира правото за надоместок за дополнителни овластувања како и регулирање на надоместок за работа во комсии надвор од описот на работното место.“- изјави министерот Хоџа!

Колективниот договор ќе ги подобри правата на вработените во министерството но во исто време ќе овозможи поголема ефикасност и мотивираност во извршувањето на секојдневните работни обврски.

МЗШВ и Владата на РСМ и во услови на Глобална пандемија од вирусот КОВИД 19 прави максимални напори да ги подобри условите за работа во оваа институција, овој колективен договор треба да послужи како дополнителен мотив во бескомпромисната борба на Шумската полиција против кривичното дело незаконска сеча.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...