Во времето кога бил изграден, бил најголемиот патнички брод. Бил изработен според најсовремените технологии и популарно се верувало дека е „непотоплив“.

Објавил: admin@magazin | 14 април, 2019 10:40

МИСТЕРИЈА: Шокантни факти за потонувањето на ТИТАНИК- Бродот не удрил во САНТА МРАЗ?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

За време на првото патување, „Титаник“ удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14 април 1912 ситни и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15 април.

Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1517 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи. Титаник“ беше британски прекуокеански патнички брод од класата „Олимпик“ сопственост на Вајт Стар Лајн, компанија која организирала редовен прекуокеански сообраќај помеѓу Велика Британија (обично од Саутхемптон) и САД (обично до Њујорк).

Во времето кога бил изграден, бил најголемиот патнички брод. Бил изработен според најсовремените технологии и популарно се верувало дека е „непотоплив“. Палубите и просториите од првата класа на бродот биле особено луксузни и убаво уредени. 

Недела ноќта на 14 април 1912, температурата се спушти до замрзнување и океанот беше мирен. Месечината не беше видлива, но сепак небото беше чисто.

После неговото потонување се појавија многубројни шпекулации како навистина потона бродот и дали навистина удри во Санта мраз?

Капетанот Л.М.Колинс 2002 година ја објави книгата „Потонувањето на Титаник перспектива на ледениот пилот„ каде што предложи три причини поради кој што верувал дали Титаник навистина удрил во санта мраз .

Тој во својата книга напиша дека Титаник бил жртва на ледениот слој. Арктичкиот мраз е повеќегодишен мраз кој е многу тврд, напиша тој. Повеќе бродови потонале на исти начин. Нема никакви конкретни докази дека бродот удрил во санта мраз.

Капетан Колинс детално опиша во својата книга, како десет минути пред потонувањето на бродот и двајца морнари се сомневале за целата ситуација и го поставувале истото прашање „со што навистина се судрил бродот”. Покрај Капетанот Колинс имаше и уште многу други неверувањa за потонувањето на Титаник, кој до ден денес останаа мистерија за светската јавност.

Недела ноќта на 14 април 1912, температурата се спушти до замрзнување и океанот беше мирен. Месечината не беше видлива, но сепак небото беше чисто. Капетанот Смит, на дадено предупредување на санти мраз, незначајно го промени курсот на „Титаник“ кон југ.

„Титаник“ беше океански брод на Вајт Стар Лајн, изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф во Белфаст и дизајниран да им конкурира на конкурентите Кунард, „Лузитанија и „Мавританија“. „Титаник“ заедно со своите сестри од олимписка класа, Олимпик и наскоро што ќе се изградел Бритраник (што првин се нарекувал Гигантик) биле наменети да бидам најголемите, најлуксузни бродови од тоа време.

Таа недела во 13:45 часот, пораката од бродот Америка ги предупреди за тоа дека има санти мраз на патот на „Титаник“, но Џек Филипс и Харолд Брајд задолжени за радио врските, беа вработени од Маркони и платени само да примаат и пренесуваат пораки на патниците, и не беа фокусирани за праќање на не толку „значајни“ пораки за санти на мостот. Подоцна вечерта, друго известување за многубројни санти мраз, овој пат од Месаба, не беа доставени до мостот. Во 23:40 часот, додека пловеше околу 400 милји од Големиот брег на Њуфаундланд, стражарите Фредрик Флит и Реџиналд Ли здогледале голема санта мраз како стои испред бродот.

Првиот чамец за спасување бил Чамецот 7 на десната страна со 28 луѓе во него, наместо со 65. Бил спуштен околу 12:40 по полноќ како што се верувало од Британската анќета. Чамците 6 и 5 биле пуштени после десет минути. Чамецот 1 бил петтиот чамец за спасување со само 12 луѓе. Чамецот 11 бил преполн со 70 луѓе. Склопувачкиот Д бил последниот кој бил пуштен во водата. „Титаник“ носел вкупно 20 чамци за спасување со капацитет од 1 178 луѓе.

Иако немал доволен број на чамци за да ги спаси сите луѓе, сепак според регулативите носел повеќе чамци одредено од Британскиот одбор за трговски регулативи. Во тоа време, бројот на чамците за спасување бил одредуван според тонажата на бродот наместо бројот на патници присутен на бродот. „Титаник“ не покажувал никакви знаци на заканувачка опасност и патниците не сакале да го ја напуштат провидливата сигурност на бродот и да се качат на малите чамци за спасување.

Првиот чамец за спасување бил Чамецот 7 на десната страна со 28 луѓе во него, наместо со 65. Бил спуштен околу 12:40 по полноќ како што се верувало од Британската анќета.

Поради тоа, повеќето од чамците биле спуштани воглавно празни, каде еден чамец кој собирал и до 40 луѓе, го напуштил „Титаник“ со само 12 луѓе.

Околу 02:10 часот, прамецот се издигна над водата каде се гледаа и пропелерите и до 02:17 часот водата достигна и до бродската палуба. Последните два чамци пловиле на палубата, едниот превртен а другиот полн до половина со вода.

Уште пред да пристигнат преживеаните биле планирани истражувања за да се открие што се случило и што би можело да се направи доколку се повтори. Сенатот на ОСединетите Држави иницираше истрага за катастрофата на 19 април, еден ден по пристигнувањето на Карпатија во Њујорк. Главен на истрагата беше сенаторот Вилијам Алден Смит, сакаше да собере информации од патниците додека сѐ уште се сеќаваа. Исто така Смит требаше да ги повика на суд британските државјани додека тие сѐ уште беа на американска почва.

Ова спречи сите патници и членови на екипажот да се вратат во Обединетото Кралство сè додека истрагата не беше комплетирана, а тоа која траеше до 25 мај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.