Сите ја знаеме љубовната приказна од овој филм и сите стоиме на ставот дека би било поубаво кога крајот би бил поинаков. И бил поинаков, но во текот на монтажата бил исфрлен.

Објавил: admin@magazin | 24 октомври, 2019 22:15

ОВА Е КРАЈОТ НА “ТИТАНИК” ШТО НИКОГАШ НЕ ГО ВИДОВМЕ(видео)

Фото/Текст извор: ©факултети

Филмот „Титаник“, проект на познатиот режисер Џејмс Камерон, бил озлогласен како најскапиот филм во историјата на киното, со буџет од 200 милиони долари, а потоа стана и првиот филм што заработи 1 милијарда долари и покрај едномесечната антикампања, објави факултети.мк.

Во антикампањаа се тврдело дека овој филм бил осуден на пропаст.

Сите ја знаеме љубовната приказна од овој филм и сите стоиме на ставот дека би било поубаво кога крајот би бил поинаков. И бил поинаков, но во текот на монтажата бил исфрлен.

Како што обично се случува, на крајот се снимаат неколку алтернативни завршни сцени, и во зависност од реакцијата на публиката на пробните проекции се избира најдобрата.

Овој пат Камерон се откажал од крајот што ќе го погледнете во продолжение бидејќи проценил дека дијалогот не е најдобар и дека не се вклопува во филмот.

Титаник е американски љубовен филм режиран и напишан од Џејмс Камерон во 1997 година. Дејството на филмот се одвива за време на патувањето и бродоломот на познатиот патнички брод Титаник. Ова е еден од најскапите филмови на сите времиња, а исто така го држи рекордот по број на освоени Оскари со 11 и рекордот во најголема заработка на кино благајните во светот.

Главните улоги во филмот ги глумат Леонардо ДиКаприо како сиромашниот човек по име Џек Давсон кој еден ден на игра со карти ќе добие карта за трета класа за патување на бродот Титаник.

И Кејт Винслет како младата девојка Роуз ДеВит Букатер која е свршена со богат маж. Набргу по запознавањето, овие двајца ќе се вљубат, но подоцна потонувањето на бродот ќе ги раздели за секогаш. 

Погледнете сами и проценете дали бил во право.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Видео

Веднаш интервенираше Брза помоши Боки е пренесен во болница. Но она што го скрена вниманието беше човек во униформа,  кој „културно“ го испраќа покажувајќи кон своите препони.

Ја засрами полициската униформа: Полицаец се фати за половиот орган додека го носат Боки 13 во болница!

Додека првоосомничениот за случајот Рекет, Бојан Јовановски го изнесуваат на носилка,...